За комисијата
Primary tabs
Согласно Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија", бр.52/10 и 135/11) и Правилникот за начинот и критериумите за избор, како и причините за престанок на вршењето на работата на претседателот и членовите на Комисијата за организации со статус од јавен интерес („Службен весник на Република Македонија" бр.142/10), на 02.03.2012 година, Владата на Република Северна Македонија формираше Комисија за организации со статус од јавен интерес.
Надлежностите на Комисијата се:
- дава предлози за доделување и престанок на статус на организација од јавен интерес до Владата на Република Северна Македонија;
- разгледува и дава мислења по деловни и финансиски извештаи за работата на организациите со статус од јавен интерес;
- предлага поведување прекршочна постапка и
- го утврдува годишниот извештај за својата работа за претходната година и го објавува на веб страна
Административно-техничките работи на Комисијата ги врши Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.