Submission #3

Социјална грижа (хуманитарни)
Здружение на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
www.epilepsijamakedonija.mk
epilepsijamakedonija@yahoo.com
070/234-652
Илинденска 2, Кривогаштани
Граѓанска организација која се стреми за подобрување на квалитетот на живот на лицата со епилепсија, подобрување на свеста за епилепсијата, согледување на потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со епилепсија и поттикнување на институциите да одговорат на реалните потреби и барања на лицата со епилепсија. Како активности на оваа организација се издвојуваат: јавни трибини, дебати и форуми, објавување книги и брошури, охрабрувачки средби и контакти со лица со епилепсија, организирање хуманитарни настани со цел помош на одредено лице или група со епилепсија.
Една од поважните цели на организацијата е докажување дека поголем дел од лицата со епилепсија можат да водат нормален начин на живот и да бидат продуктивни, што значи не треба да бидат дискриминирани. Како аргумент го земаме фактот дека голем број личности кои дале особен придонес за човештвото имале епилепсија, дел од нив се: Александар Македонски, Аристотел, Њутн, Питагора, Достоевски, Нобел, Да Винчи, Ван Гог, Микеланџело, Наполеон, Цезар и многу други.
/
/
Бунески Деан
15
/