Submission #92

Демократија, човекови права и владеење на правото
Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
www.mcms.mk
mcms@mcms.mk
/
ул. Никола Парапунов 41А, 1060 Скопје
Визијата на МЦМС е мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално. МЦМС ја заснова визијата за мир, хармонија и просперитет на универзалните принципи на граѓанско општество и партиципативна демократија, владеење на правото, рамномерен и одржлив социо-економски развој, ненасилство, почит и меѓузависност и културна разноличност.
Мисијата на МЦМС е „МЦМС предводи и поттикнува промени со нови и алтернативни решенија на општествените проблеми, кои влијаат на другите чинители и кои се вклучуваат во главните текови“.
Идеалите од визијата МЦМС ги преточува во следниве долгорочни цели:
- Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата;
- Одржлив локален и рурален развој;
- Добро владеење, партиципација и политики насочени од и кон луѓето;
- Вкоренето и динамично граѓанско општество, кое влијае на јавните политики;
- Прифатена културна разноличност, меѓузависност и дијалог;
- Поддржан евроинтеграциски процес со зајакната регионална соработка;
- МЦМС - независна организација и организација со кредибилитет, способна за силни и ефективни партнерства и сојузи засновани на еднаквост, на национално, на регионално и на меѓународно ниво;
- МЦМС е атрактивна и иновативна организација која учи, со локални корени и глобален поглед.
МЦМС соработува со домашни и странски организации и институции. Кај домашните тоа ги подразбира Владата и другите државни органи, единиците на локална самоуправа (ЕЛС) и граѓанските организации. Соработката со странските актери е поделена според територијалниот принцип: регионални (од подрачјето на Балканот), европски (Европската Унија и земјите-членки) и глобални (пр. Обединетите нации, Цивикус и сл.). И во двете групи, соработка ќе се остварува и со деловниот сектор.
/
Економско-социјалниот совет при Обединетите нации,
Цивикус-Светска алијанса за граѓанско учество,
Заедничкиот консултативен комитет за граѓанско општество на ЕУ и РМ (ЗКК),
Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН),
Платформа за борба против корупција,
Регионална платформа за борба против корупција – СЕЛДИ.
Прв извршен директор - Александар Кржаловски, Димче Митрески - Извршен директор
Во периодот јануари – декември 2015, 11 активни волонтери
26