Submission #265
Лица со посебни потреби
Свет на Различни а Еднакви
www.razlicniaednakvi.com
svetnarazlicniaednakvi@gmail.com
075 373 383
Ул.“Пелистерска“3 -2/10
ЗГ “Свет на Различни а Еднакви“ преку различни видови проекти (средби, тематски разговори, едукативни, музички, актерски, танцувачки работилници), во соработка со дневни центри, заводи и други институции за нега и грижа на лица со хендикеп,, како и посебни училишта и здруженија, делувајќи во инклузија со типичен развој на лица а во соработка со редовните училишта и волонтерски здруженија, успешно таргетира, анимира, активира, забавува и емотивно зајакнува една специфична популација наши сограѓани, воедно остварувајќи го нивното законско право да бидат дел од културата и културните настани, конкретно во полето на театарот. Се делува низ целата територија на Република Северна Македонија и надвор од неа, од остварување на средби и контакти, преку релаксирачки, но наменски дружби, па обуки, анимација, проби и нивно активно вклучување во играта се до нејзино поставување на сцена. Токму затоа овој тим на инклузивни обуки го нарековме “ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“! Поточно кажано, преку игри, етиди, обуки, работилници, доаѓаме до сценски форми - музичка, кореодрамска и ДРАМСКА форма, со практична и нагледна примена на ИНКЛУЗИЈА на лица со и без попречености во театарската уметност.
Нашето делување е од јавен интерес со што даваме голем придонес кон извлекувањето на овие лица од секаков вид изолација и нивно прилагодување на животот во целокупната општествена заедница, како и во остварување на нивното законско право да бидат дел од културата и културните настани, согласно Уставот/Законите и ратификацијата на Конвенцијата на ОН.
Пред точно 6 години го поставивме на театарската сцена Меѓународниот инклузивен драмски фестивал “ИГРИ БЕЗ МАСКА“ кој трае 3 дена ( а со претходно пристигнување и сместување на учесниците од земјава и странство, трае 4 денови) и има успешна традиција во годините наназад, презентирајќи сценски проекти од странство и од нашава земја, пред многубројната публика. Фестивалот е со натпреварувачки карактер. Во 2020 година ќе биде неговото седмо издание.

Трисомија 21, Порака Неготино, Порака Струга, Дневни центри во Куманово, Берово, Делчево, Тетово и др.
Vо подготовка меморандум за соработка со Здруженијата од Белград, Јагодина ,Тузла и Софија
Претседател на Здружението - Гордана Симоновска Момироска
10
/