Submission #283

Здравје и здравство
Здружение на бубрежно болни граѓани Нефрон Скопје
www.nefron.mk
zdruzenienefron@yahoo.com
02/3225899
Ул.11 Октомври бр.17, Скопје
Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН Скопје е основано на 23.04.2003год. во Скопје од група на пациенти на дијализа и доктор, a со рег.број. 1568 е запишано во регистарот на Здруженија на граѓани и фондации при Основниот Суд Скопје 1 и на ден 09.06.2003год. кога се стекнува со својство на правно лице. Во април 2011 год. согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации ( Службен весник бр.52/2010) е извршена задолжителна пререгистрација на здружението и е запишано во Надлежен Регистар на здруженија и сојузи при Централен Регистар на Република Македонија со организационен облик 10.9 (останати општествени организации, фондации и здружение на граѓани) со дејност 94,99 (организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место) .
Здружението НЕФРОН ги застапува интересите и барањата на 1600 пациенти на дијализа кои се дијализираат во 23 Центри за дијализа низ Македонија, на пациентите на перитонеална и домашна дијализа, на над 200 трансплантирани граѓани, дарители на органи и други останати членови.
Основни цели на Здружението Нефрон се:
- да се залага за обезбедување на што поквалитетно лекување со дијализа и трансплантација;
- да се залага за превенција, рано откривање и соодветен третман на бубрежните заболувања;
- да обезбеди и спроведува едукација, остварување и унапредување на правата на членството;
- да се грижи за подобрување на квалитетот на живеење на пациентите на дијализа и трансплантираните лица ;
- да спроведува проекти, организира настани и го да мобилизира членството;
- да се залага за развој и унапредување на кадаверичната трансплантација и дарувањето органи ;
- да соработува со надлежните здравствени организации и други државни институции, како и слични невладини здруженија, организации и асоцијации,
- да се залага за промоција и развој на дарувањето органи во државата,
- да соработува, членува и да ги промовира своите цели надвор од државата преку членства и соработки со меѓународни организации, асоцијации и федерации.
Своите цели и активности Здружението ги остварува преку реализаирање на конкретни активности, спроведување заеднички проекти на членовите, организирање заеднички трибини, тркалезни маси и едукации, состаноци и посети во Центрите за хемодијализа, издавање на едукативни матерјали, настапи во медиумите, обезбедување на донации и спонзорства за подобрување на условите за лекување во Центрите за дијализа (апарати, фотељи и сл.) и за реализирање на зацртаните цели, вклучување во работни тела за дијализа и трансплантација во институциите, следење и унапредување на законската регулатива за бубрежно болните, трансплантираните и органодарителите и др .
Живот со предизвици, Борка, Сојуз на дијабетичари, Граѓански ресурсен центар и др.
SEEN Transplant – Мрежа на организации на дијализирани и трансплантирани на Југоисточна Европа
ETDSF- Европска спортска федерација за дијализирани и трансплантирани
Душко Ѓорѓиев
30
1