Submission #102

Лица со посебни потреби
Национален сојуз на слепите на Република Македонија
www.nssrm.org.mk
info@nssrm.org.mk
02/3246-537
ДХО Даре Џамбаз - СКОПЈЕ Ул.11ти Октомври бр.42 А 1000 СКОПЈЕ
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува национална инвалидска организација, непартиска, непрофитна, доброволна, организација од посебен јавен интерес. Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како национална инвалидска организација е единствен легитимен претставник на повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица од целата територија на државата кои на подоброто око со корективно стакло гледаат најмногу до 10 проценти. НССРМ претставува чадор организација во која преку своите здруженија на слепи лица - членки на НССРМ членуваат повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица од целата територија на државата. НССРМ се грижи за заштита и унапредување на позитивните законски норми за слепите и слабовидните лица како лица со најтешка категорија на инвалидност, почнувајќи од нивно откривање и препознавање, па се до упатување на школување, помош при едукација, печатење на материјали на Брајово (Релјефно) писмо и аудио техника, адаптација на работната средина, културни, спортски, забавни активности, лобирање за остварување на позитивни законски прописи, зголемување на јавната свест и слично. НССРМ е една од најстарите организации во државата и истата е формирана уште во далечната 1946 година. Ништо за нас - Без нас. НССРМ е членка на Балканскиот консултативен комитет, Европскиот сојуз на слепите и Светскиот сојуз на слепите. Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува социјално - хуманитарна национална инвалидска организација.
НССРМ соработува со многу граѓански организации на домашен и меѓународен план. Исто така НССРМ соработува и со останатите национални инвалидски организации, како и со сојузите на слепите на други држави.
Националниот совет на инвалидските организации,
Балканскиот консултативен комитет,
Европскиот сојуз на слепите,
Светскиот сојуз на слепите,
Мрежа на Западен Балкан.
Селковски Жарко, управител во својство на претседател на Извршен одбор и на Собранието на НССРМ
300
21