Submission #5

Економски развој
Здружение на граѓани за развој на човечките потенцијали Го-Ал Скопје
www.go-al.org.mk
contact@go-al.org.mk
075/493-824
Видое Смилевски Бато 19-4-16, 1000 Скопје
,,Здружение на граѓани за развој на човечките потенцијали ГО-АЛ“ Скопје, се основа заради остварување на поширок општествен интерес, преку што се задоволуваат потребите од стручна и друга помош на сите типови на индивидуалци, организации и групи во Република Македонија.

Развој на граѓанското општество и локалните заедници за постигнување на видливи општествени промени. Овие цели ќе се остваруваат преку овозможување на учество на јавноста, застапување, зајакнување на капацитетите, промоција на улогата на невладините организации, како и стимулирање на соработката меѓу сите релевантни чинители и мобилизирање на локални ресурси. Понатаму, афирмација и активирање на младата популација кон промовирање на нивниот интерес; иницирање на младинската партиципација во сите сфери на човековото живеење; застапување и заштитување на правата на младите воопшто, без оглед на нивната верска, национална, полова, сексуална или било која припадност; промоција на демократијата и човековите права; превентивно дејствување за спречување на девијантните појави во општеството како и од зависничките болести; активна работа на полето на екологијата и заштита на животната средина; промовирање на Република Македонија надвор од границите и интегрирање во европските и светските асоцијации.
Други цели се:

- Запознавање на Европа и светот со културата во Република Македонија;
- Размена на културни активности помеѓу земјите од Светот и Република Македонија;
- Поддржување на културниот развој на Република Македонија;
- Поврзување на Општините и градовите со други општини и градови во Република Македонија и Светот во целост;
- Поддршка и развој на спортот (организирање турнири, формирање клубови);
- Поддржување и учество во развојот на Општините и градовите за изградба на нови културни центри (театар, кино сала, изложбени простории и сл.);
- Афирмирање на информатичката технологија во сите сфери на општествениот живот (култура, здравство, правен систем итн.);
- Издавање на списанија, брошури, книги и слични печатени изданија;
- Формирање на медиуми кои ќе работат во согласност со целите и задачите на Здружението;
- Преведување на материјали поврзани со работата на Здружението;
- Организирање на меѓународни собири во соработка со институции и институти од земјата и Светот;
- Формирање на центри за неформално образование, како и учество во процесот на неформално образование;
- Организирање на семинари, предавања, културни и литературни манифестации, дебати, прeдавања, тркалезни маси, обуки и издавање сертификати за истите;
- Афирмација на млади талентирани автори кои ја подржуваат македонската замисла за влез во ЕУ;
- Учество на семинари и прeзентирањe на остварените рсзултати;
- Развој и унапредување на здравството во Република Македонија и надвор од неа;
- Развој и унапредување на сите видови туризам на територијата на Република Македонија;
- Реконструкција и градење на руралните и други средини во Република Македонија;
- Правна помош и извршување на правни работи на граѓаните на Република Македонија;
- Подигање на еколошката свест во Република Македонија;
- Поддршка, промоција и развој на обновливите извори на енергија;
- Поддржување и сите видови на помош кон други организации и институции во земјата и светот;
- Соработка со светските невладини организации, влади и амбасади;
- Поддржување и изградба на спортот и спортските објекти на територијата на Република Македонија;
- Поддршка на македонските автори (литературни, ликовни, филмски и др.) како и нивна промоција во земјата и странство;
- Поддршка на Верските заедници во Република Македонија, како и помош при изградба и реконструкција на верските храмови на територијата на Република Македонија;
- Поддршка и стипендирање на студенти;
- Поддржување, унапредување и развој на науката во Република Македонија;
- Поддржување, развој и унапредување на образованието во Република Македонија;
- Привлекување на странски инвестиции;
- Помош на странските инвеститори при инвестирање во Република Македонија во вид на консултантски услуги;
- Поддршка при афирмирање на етничките заедници;
- Поддршка и развој на Земјоделието;
- Истражување и креирање политики;
- Поддршка и развој на политики за Мали и Средни Претпријатија, како и директно вклучување на пазарот со трговските друштва формирани од страна на Здружението;
- Помош и изградба на установи (прифатилишта) центри за маргинализирани и загрозени групи на граѓани (зависници од дрога, хомосексуалци, социјално загрозени граѓани);
- Учество и поддршка на Младинските Програми на Европската Унија;
- Примање и праќање на волонтери;
- Помош и заштита на животните.
AIESEC, Go Green, MladiInfo, NaturKultur,
итн.
/
Александар Целески
16
/