Submission #113

Деца, млади и студенти
Извиднички одред „Димитар Влахов“ Велес
www.scoutveles.org.mk
scoutveles@gmail.com
070/265-250; 076/226-956; 043/529-222
Трајко Панов 22 – ПФ 85 1400 Велес
МИСИЈАТА на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес е да придонесе во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се исполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.
ВИЗИЈА на извидничкото движење во Македонија е да стане современо, атрактивно и самоодржливо и да обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
ЦЕЛ на извидничкиот одред „Димитар Влахов“ е да придонесува во развојот на младите луѓе во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални општествени и духовни можности како поединци како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.
НАЧИНОТ на остварување на нашата цел е со охрабрување на физичкиот, интелектуалниот, емотивниот, социјалниот и духовниот развој на младите луѓе, како тие би го постигнале својот целосен потенцијал и како одговорни граѓани да го подобрат општеството преку употреба на ИЗВИДНИЧКИОТ МЕТОД кој е претставен преку:
– Завет и закони: да бидат обврзани да живеат според темелните вредности кои се содржани во заветот и законите.
– Учење преку работа: да создаваат свои ставови, знаења и вештини стекнати со практично извршување на задачи.
– Патролен систем: да бидат дел од мала група (6 – 8) на врсници кои се под водство на повозрасни.
– Симболична рамка: Симболичната рамка е битен елемент на Извидничкиот Метод. Целта е да се нагласи стилот на живеење врз кој е изградено извидништвото и да им дават позитивни идоли на нашите извидници.
– Природа: Активности на отворено и искуството стекнато од работа во природа.
– Личен напредок: Извидникот треба да се справува со предизвикувачки, прогресивни и креативни активности за да го развие неговиот целосен потенцијал. Со текот на времето треба да му се зголемуваат и задолженијата /обврските за да се запази нивниот личен напредок.
– Поддршка на возрасните: Извидништвото се залага за соработка помеѓу возрасните и младите. Нивната соработка е изградена врз доверба и почитување. Улогата на возрасните е да им овозможи на младите луѓе да го развијат нивниот целосен потенцијал.
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ на извидничкото движење во Република Македонија се:
1. Обврска кон духовниот развој – Прифаќање на духовните принципи, лојалност кон верата која ги изразува и прифаќање на обврските кои произлегуваат.
2. Обврска кон другите – Лојалност кон својата земја заедно со промоција на локалниот, националниот и меѓународниот мир, разбирање, соработка и учество во развојот на општеството со признавање и почитување на дигнитетот на другиот и интегритетот на природниот свет.
3. Обврска кон себе – Одговорност за сопствениот развој.
Член на Сојузот на извидниците на Македонија може да стане секој граѓанин на Република Македонија со давање Завет и кој ја прифаќа и спроведува Програмата на Сојузот на извидници на Македонија, работи по извидничките закони и активно учествува во работата на својата единица. Спрема возраста членовите на извидничката организација се поделени во пет категории и тоа:
а) развигорци – од 7 до 10 години (од прво до четврто одделение во основно образование);
б) помлади извидници и извиднички (поречани и езерци) – од 11 до 14 години (од петто до осмо одделение во основно образование);
в) извидници и извиднички (поречани и езерци) – од 15 до 18 години ( прва до четврта година во средно образование)
г) истражувачи – 19 – 21 година ( факултет )
д) сениори – над 21 година ( активни водачи, поддржувачи, пријатели на организацијата и почесни членови).
Новопримените членови, по тримесечен приправнички период, заветот вообичаено го даваат на некој настан, прилика и во присуство на нивниот водач и поголем број извидници и пријатели на организацијата.
Заветот е ист за сите категории на извидници и тој гласи:
„Давам чесен збор,
– дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина Република Македонија
– дека ќе ја прифатам духовната реалност и ќе го барам нејзиното потполно значење
– дека секогаш ќе им помагам на луѓето
– дека ќе живеам и работам по извидничките закони“.
Извидничките закони кои што се почитуваат во нашата организација се следни:
За развигорците:
1. Развигорецот е добар пријател, храбар и чесен.
2. Развигорецот ги почитува своите родители и постарите.
3. Развигорецот добро учи, вреден е и несебичен.
За извидниците:
1. На извидникот му е чест да му веруваат.
2. Извидникот е корисен.
3. Извидникот е добар другар.
4. Извидникот е учтив.
5. Извидникот е оптимист.
6. Извидникот е верен и одговорен.
7. Извидникот постојано учи и ги применува стекнатите знаења.
8. Извидникот ја цени природата.
9. Извидникот ги цени и развива духовните и културните вредности.
10. Извидникот е чесен во мислите, зборовите и делата.
Извидничкото движење е воспитно, доброволно, неполитичко, самостојно и отворено за сите без оглед на нивната расна, верска или национална припадност, а кои ги прифаќаат неговите начела, принципи и метод за работа.
Со сите 15 извиднички одреди во Република Македонија, Еколошки друштва, Детски организации, Организации за млади.
Сојуз на извидници на Македонија (СИМ), World organization of the scout movement, DESMOS – Сојуз на православни скаутски организации, Совет на млади на Општина Велес.
м-р Ангелче Гушев, Старешина на одредот
25
/