Submission #123

Социјална грижа (хуманитарни)
Здружение СОС Детско село Македонија
http://sos.org.mk/
info.na@sos.org.mk
02/3290-556
Ул. Ристо Шишков бр. 25, 1000 Скопје
СОС Детско село Македонија се грижи за деца кои ги загубиле своите родители или не се повеќе во можност да живеат во рамките на своите биолошки семејства од различни причини и затоа имаат потреба од нов и постојан дом. Семејствата во СОС Детско село обезбедуваат топол дом и грижа за секое дете. Преку поддршката на грижата за деца во СОС згрижувачки семејства, СОС програмите за младинска грижа и последователната поддршка за млади кои ја напуштаат грижата, организацијата обезбедува сигурност, љубов и топол дом за децата кои растат во стабилна семејна средина, каде добиваат континуирана индивидуална поддршка се додека не станат млади само - придонесувачки и финансиски независни членови на заедницата.
СОС Детско село Македонија покрај грижата за децата без родителска грижа дава поддршка на сите деца кои се во ризик од губење на грижата од своите родители. Низ работата со семејствата во ризик се стремиме кон спречување на кризите кои можат да доведат децата да ја изгубат грижата од своето биолошко семејство.
СОС Детско село Македонија ги почитува различните култури и религии и работата ја заснова согласно Конвенцијата за правата на детето на ООН. Силно ги почитува и промовира правата на децата и преку своите активности се обидува да ја информира и пошироката јавност, како и сите партнери и соработници за предизвиците со кои се соочуваат децата и ги повикува на преземање мерки кои ќе ја промовираат добросостојбата на децата во Република Македонија.
Коалиција на младински организации СЕГА, Мултикултура, Интеркултура и други.
SOS Kinderdorf International, МППС.
Јулијана Накова Гапо
10
57