Submission #128

Животна средина и природа
Гео-СЕЕ Институте (Институт за Истражувања во Југоисточна Европа во областа на гео науките)
www.geo-see.org
info.geosee@gmail.com
02/6140 - 453; 075/712-998
Ул. Џон Кенеди, 25/1-д3, 1000 Скопје
Институтот за Истражувања во Југоисточна Европа во Областа на Гео Науките „Гео - СЕЕ Институте“ е невладина, непартиска, непрофитна и секуларна организација, коja се занимава со истражувања, наука, едукација, обука и промовирање на геодезијата, геофизиката, картографијата, географијата, топономастиката, геологијата, геоморфологијата, геодинамиката, геополитиката, хидрологијата, демографијата, гео информационите системи, катастарот, топографијата, геоинформатиката, далечинската детекција, фотограметријата, рударството, шумарството, почвата, климатологијата, животната средина, просторното и урбанистичкото планирање, екологијата, гео - просторните податоци и другите научни области од семејството на гео науките во Југоисточна Европа.
Институтот има за цел позитивно да влијае во унапредувањето и натамошниот развој на сите гео науки и гео податоци - информации во Македонија, преку соработка и размена на искуства со глобалните трендови, како и регионална - меѓународна соработка со сродните институции во државите на Југоисточна Европа.
Задачите на институтот се насочени кон:
- Зајакнување на соработката помеѓу гео науките преку организација на научни собири, конференции, конгреси, советувања, трибини, како и издавање на научни и стручни списанија, публикации, зборници и книги;
- Зајакнување на расположливите капацитети преку дисеминација на знаењето и стручната - академската експертиза на членовите на Институтот со заинтересираниот аудиториум од Македонија и надвор од државата;
- Подобрување на знаењата и вештините на Владините, невладините и други општествени структури во Македонија со цел да се надградат институционалните структури од гео - областите и гео - информациите/податоците поврзани со процесот на интеграција на Македонија во ЕУ преку организација на наменски обуки во соработка со институции и експерти од Македонија, но и надвор од државата;
- Подобрување на регионалната соработка преку вмрежување и комуникација со други гео институти и организации со слични цели и задачи во Македонија и земјите на Југоисточна Европа, како и сите држави на светот преку размена на практики, искуства и заедничка организација на настани со регионално –меѓународно - глобално значење.
Гаус Институт, Македонско Еколошко Друштво, AGISEE, Geo Institute Kosova, FIG COM3.
EGoS (European Group of Surveyors), EUROGI (European Umbrela Organization for Geographic Information).
Проф.д-р Башким Идризи
7
/