Submission #130

Жени и родови прашања
Здружениe на жени ПРЕСТИЖ
/
prestiz@t.mk
075/667-117
Ул. Иво Лила Рибар 11 Битола
Мисија на организацијата:

Промовирање и развивање на родовиот концепт, родовата еднаквост, социјалната правда, човековите права и демократијата на локално, национално и меѓународно ниво.
Работејќи директно со граѓаните и институциите, ПРЕСТИЖ успева да развие конструктивни алтернативи кои го осмислуваат современото живеење со цел најконкретно да придонесат во развојот на граѓанското општество и да им помогнат на граѓаните.

Работата на ПРЕСТИЖ е структурирана во неколку програми:

- Програма за родови односи и политичко јакнење на жената;
- Програма за здравствена едукација;
- Програма за борба против семејно насилство;
- Програма за работа со млади.

ПРЕСТИЖ ја остварува својата мисија преку застапување и лобирање, организирање на обуки и работилници, како и обезбедување на социјална и правна помош за жени, млади и маргинализирани групи.
Клучни активности:
- Промовирање, продлабочување и развој на родовата проблематика преку организирање интерактивни едукативни работилници и обуки, собирање податоци од теренски истражувања и публикување на родови анализи;
- Формирање и организирање лоби групи и кампањи;
- Организирање работилници (здравствена, правна и социјална сфера, човекови и малцински права), како и едукативни работилници, од аспект на третирање на насилството врз жената, (превземање на мерки против подведување на младите во малолетничка проституција, употребата на дрога и алкохол и други негативни појави) и работилници за меѓуетничко разбирање и толеранција во прекуграничниот регион (Македонија, Грција и Албанија).
Форум на здруженија на граѓани на Општина Битола.
- Форум на здруженија на граѓани на Општина Битола;
- Kvinna till Kvinna Macedonia;
- ЖГИ „Антико“ – Скопје;
- Унија на жени од Анталија – Турција;
- Унија на жени од Корча – Албанија;
- Унија на жени од Кожани – Грција;
- Регионално Женско Лоби.
Маса Димиќ
10
/