Submission #132

Здравје и здравство
Здружение на граѓани Зона Кавадарци
www.zonakavadarci.org.mk
zonakavadarci@yahoo.com
043/417-799; 077/705-706
Кавадарци, ул. Благој Крстиќ бб
Здружението на граѓани ЗОНА - Кавадарци е невладина, непрофитна и непартиска организација. Формирано е во 2003 година на територијата на општина Кавадарци. Активно работи на програмите за намалување на штети од употреба на дроги на ниво на општина Кавадарци од 2005 година. Работата и активностите на здружението се однесуваат на намалување на штетните последици од дроги и други психоактивни супстанции, работа и едукација со корисници на дроги, примарна превенција на ХИВ, вирусите на Хепатит Б и Ц, соработка со невладини организации, здравствени служби и социјални центри со цел да се подобрат стандардите и односот кон корисниците на дроги, спроведување на истражувања за состојбата на користење на дроги, како и промовирање алтернативни правци во областа на културата и уметноста. Во моментов активно работи на програмите за намалување на штети, во чиј склоп спроведува и бесплатно, доверливо и доброволно советување и тестирање за ХИВ и Хепатит Ц. Со коалициjа СЕГА работи на спроведување на младински политики.
- Министерство за Здраство;
- Глобален Фонд;
- Локална Самоуправа – Кавадарци;
- Македонска мрежа за намалување на штети;
- НВО ХОПС Скопје;
- НВО Опција Охрид;
- НВО Хера Скопје;
- Коалиција на младинска организација СЕГА.
НВО Зона Кавадарци е членка на Македонската мрежа за намалување на штети од 2005 година.
Никола Деков
6
/