Submission #136
Образование и наука
Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија
www.stepbystep.org.mk
info@stepbystep.org.mk
02/3077-900
Бул. Партизански одреди бр.72а, 1000 Скопје
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор" - Македонија го поддржува развојот на отвореното општество реализирајќи активности во областа на образованието, уметноста, културата, издаваштвото, како и човековите (детските) права. Фондацијата „Чекор по чекор'' спроведува програми во градинките, основните училишта и другите образовни и културни институции, поддржува иновативни пристапи и на разни начини се стреми да ги зголеми можностите за образование на децата и да им помогне да го остварат својот целосен потенцијал.
Фондацијата „Чекор по чекор'' – Македонија е основана како невладина организација со цел да се продолжи со активностите на регионалната образовна програма „Чекор по чекор'', која започна да се реализира во 1994 година од страна на Институтот отворено општество од Њујорк и Универзитетот „Џорџтаун'' од Вашингтон. Целите на оваа образовно - реформска програма се зајакнување на демократските принципи кај децата, вклучување на семејството и заедницата, унапредување на педагошките вештини на воспитно - наставниот кадар и создавање на стимулативна средина за учење. Во последните 20 години, „Чекор по чекор“ соработува со меѓународни и локални организации, институции и останати партнери со цел да се создадат еднакви можности за квалитетно образование за сите деца во Република Македонија.

Фондацијата „Чекор по чекор“ воспоставува партнерски односи со владините институции, локалните власти, локалните и меѓународните организации, институциите одговорни за образување на иден наставен кадар, училиштата и градинките. Дел од граѓанските организации со кои Фондацијата соработува се: Македонски центар за граѓанско образование, Центар за социјални иницијативи „Надеж“, Центар за образовна поддршка на Роми „Дендо Вас“, НВО Амбрела итн.
Фондацијата „Чекор по чекор'' – Македонија е дел од Интернационалната асоцијација „Чекор по чекор" (http://www.issa.nl).
Сузана Киранџиска
/
13