Submission #159

Здравје и здравство
Здружение на граѓани Асоцијација за Пулмонална хипертензија „Момент Плус“ - Гевгелија
www.phmomentplus.com.mk
phmomentplus@gmail.com
077/883-540
Ул. Танче Камберов бр. 29 Гевгелија
Асоцијацијата ,,Момент плус‘‘ е формирана 10.10.2013 година од лица со Пулмонална хипертензија и нивните семејства, поддржувачи и соработници.
Дејностите на делување на здружението се:
- здравство и здравје на лицата кои живеат со Пулмонална хипертензија (во медицината постои терминот Зебра за оваа дијагноза како компарација за редок вид и ретка дијагноза);
- заштита на луѓето со Пулмонална хипертензија;
- запознавање на општеството со карактеристиките на заболувањата, профилактиката или превентивната медицина, дијагнозата, лечењето, и рехабилитацијата на Пулмоналната хипертензија и со физиолошките и психолошките последици од нив;
- Подигнување на свеста за постоењето на Пулмоналната хипертензија во Република Македонија - како ретка и потенцијално смртоносна болест на белите дробови во која артериите на белите дробови се стеснуваат што резултира висок крвен притисок во белите дробови;
- формирање на специјализирани медицински центри (ПХ центар), каде што пациентите на Пулмонална хипертензија можат да бидат навремено дијагностицирани и третирани, со стручни доктори кои ќе работат во областа на подобрување на лечењето пациенти со Пулмонална хипертензија;
- полесен начин до препорачаните лекови и покривање на трошоците за лекување од страна на здравственото осигурување;
- помагање, обединување, насочување и информирање на луѓето со Пулмонална хипертензија и нивно адаптирање во општеството;
- помагање на професионален развој и квалификации на докторите во областа поврзана со профилактика, дијагностика, лечење и рехабилитација од Пулмонална хипертензија;
- помагање на членовите при извршување на професионалните активности;
- насочување, помагање и развој за истражување на пулмоналната хипертензија во Република Македонија;
- контакти со слични организации во Република Македонија и странство;
- контакти и дијалог меѓу здружението и раководните органи и институции во Република Македонија, во однос кон пулмоналната хипертензија (Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика);
- преземање на мерки за надминување на емоционалните последици од болестите, професионални преквалификации и социјална рехабилитација на луѓето со Пулмонална хипертензија.
(PHA) Европа каде членуваат 33 држави, Американска асоцијација за PHA, USA, ELF- Европска фондација за бели дробови, ERS - Европско здружение за респираторен систем, RARECONEKT - Амбасадорски EURORDIS - Европско здружение за ретки болести, Здружение на граѓани со коагулопатии Хемо – Вил - Илинден, Здружение на граѓани за ретки болести – Живот со предизвици - Битола, Алијанса за посебни потреби – Гевгелија и Национална алијанса за ретки болести – Бугарија.
(PHA) Европа каде членуваат 33 држави, Американска асоцијација за PHA, USA, ELF - Европска фондација за бели дробови, ERS - Европски здружение за респираторен систем, RARECONEKT - Амбасадорски EURORDIS - Европско здружение за ретки болести, Македонска платформа против сиромаштија и Национална алијанса за ретки болести на Република Македонија.
Ѓургица Ќаева
15
1