Submission #162

Здравје и здравство
БОРКА - за секој нов ден
www.borka.org.mk
info@borka.org.mk
076/496-450
11 Октомври бр.24/2-4 Скопје
Активностите на Здружението “Борка - за секој нов ден” се насочени кон актуелизирање на можностите за борба против сите видови на рак и создавање на здрава популација, свесна и информирана за начините на стекнување на рак, потребите од претпазливост и навремени интервенции, а со единствена цел – ракот во Република Македонија да се третира како потенцијално излечива болест.Следејќи ги најдобрите искуства од другите земји, но воедно почитувајќи ги специфичните состојби на македонското здравство, преку различни форми на едукација, информирање, поддршка и интеракција, Здружението БОРКА ќе придонесе за значително намалување на бројот на заболени од рак, како и зголемување на бројот на лица кои ја победиле оваа болест. Присутноста на повеќе видови на рак кај населението во Македонија, како и зголемувањето на бројот на заболени од рак е сериозен проблем и бара подигнување на свеста кај целокупната јавност, особено кај помладата популација за потребата од претпазливост, сериозен пристап, навремено откривање и лечење, поддршка на пациентите и промоција на нови достигнувања во медицината. Од тие причини Здружението БОРКА е насочено и кон поддршка на здравството во Република Македонија, неговите институции, НВО секторот, како и меѓународните организации и институции во напорите за спроведување на реформите во оваа област во земјата, односно создавање на силно и функционално здравство, пред се институции кои во целост ќе ги задоволат потребите на граѓаните и ќе пружат соодветна поддршка и грижа на пациентите.
Здружението константно соработува со следните здруженија и организации: Животна искра, Хепар Центар, Живот со предизвици, Пеперутка, СОЖМ, ХПВ Македонија и други. Борка е еден од оснoвачите на Алијансата на Пациентски организации (АПО).
Европска коалиција за превенција од рак на дојка ЕУРОПА ДОНА, Европска асоцијација за превенција од рак на дебело црево-ЕУРОПАКОЛОН, Европска асоцијација за превенција од рак на грло на матка-ЕCCA.
Билјана Додева-Христовска
11
2