Submission #314

Други
МАКЕДОНСКИ СПАСИТЕЛ Здружение за безбедност на вода и планина
www.rescuer.mk
contact@rescuer.mk
078 407 221
Ул.Кузман Јосифовски Питу бр.34 1400 Велес
Здружението за безбедност на вода и планина МАКЕДОНСКИ СПАСИТЕЛ Велес е здружение на граѓани формирано со слободно здружување на спасителите на вода и планина во Република Македонија, делува на територијата на Република Македонија и е независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на доброволно здружени спасители на вода и планина, кои дејствуваат на или од територијата на Република Македонија. Општата цел и задача на Здружението за безбедност на вода и планина МАКЕДОНСКИ СПАСИТЕЛ Велес е делување низ сите допуштени облици во насока на унапредување на општествениот и правниот амбиент за развој и постоење на спасувањето на вода и планина како професија.
Цели на МАКЕДОНСКИ СПАСИТЕЛ се:
1. Ги чува животите на капачите и посетителите на планина и секогаш интервенира кога има потреба за тоа;
2. Се бори против злоупотреба на спасителите на вода и планина;
3. За заштита на спасителите од самоволието на сопствениците на капалиштата и планинарските домови иницира и потпомага изготвување на колективни договори;
4. Заштита на угледот и достоинството на спасителот и професијата;
5. Унапредување на социјалниот и материјалниот статус на спасителите;
6. Ги застапува членовите, ги претставува пред општествената заедница, активно учествува при подготовка на законски прописи и меѓународни конвенции од интерес на професијата и го брани професионалниот интерес согласно Кодексот на спасителите на вода и планина.
7. Дава правна помош на своите членови.
8. Врши обука, дообука и тренинг семинари за подигање на квалитетот на безбедноста на вода и планина, едукација на спасителите, прва помош и друго.
9. Едукација на граѓаните за опасностите при капење и посета на планина.
10. Едукација на граѓаните за применување на првата помош.
Во остварување на своите цели МАКЕДОНСКИ СПАСИТЕЛ ќе се залага и за професионалните и за материјалните интереси на спасителите на вода и планина да се заштитат со актите на здружението и договорите со работодавачите, а на национално ниво ќе иницира и активно ќе се вклучи во изготвување на Закон за безбедност на вода и Закон за безбедност на планина во соработка со Владата.
-Општина Велес;
-ДРГЗП Велес;
-ПД Чеплес;
-ДППД Свети Николе;
-Green Power Велес;
-Дирекција за заштита и спасување;
-Operation Florian-Manchester UK;
-International Surf Lifesaving Association – California USA
-Humanitarian Aid Charity “Operation Florian” -Manchester UK,
-International Surf Lifesaving Association – California USA
Ангел Пановски
15
/