Submission #168

Демократија, човекови права и владеење на правото
Здружение за развој Центар за управување со промени
www.cup.org.mk
info@cup.org.mk
02 6092 216
Ул. "Миле Поп Јорданов” бр.62A
Здружението за развој, Центар за управување со промени (ЦУП) е непрофитна, невладина организација која промовира разбирање и ненасилни промени во општеството.
Организацијата се фокусира на меки мерки и политики кои им помагаат на различни ентитети да ги прифатат промените во општеството како нормални ситуации и да ги претворат во позитивни резултати. Својата визија, организацијата ја темели на основните принципи за почит, разбирање, ненасилство и просперитет на луѓето преку активно граѓанско општество, партиципативна демократија, транспарентност и отчетност, владеење на правото, еднакви можности и социо-економски развој на нашето општество и регионот.
Мисијата на ЦУП се базира на верувањето дека зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација и реформите во истата (РЈА), зајакување на граѓанскиот сектор за следење и укажување, јакнење на бизнис заедницата, евро - интеграцијата и инвестирањето во развој на луѓето се главни агенти за промени кон подобро општество
- Институт за човекови правa;
- Центар за истражувачко новинарство СКУП;
- Агенција за менаџмент консалтинг 2000;
- Институт за европска политика;
- ЗИП Институт;
- Центар за одржлив развој – АЛКА итн.
• Мрежа за подобра легислатива – Мрежа “RIA”
• Платформа за дијалог и соработка на граѓанските организации и медиумите
• Мрежа за финансиска одржливост на граѓански организации
• Мрежа 23
Неда Малеска Сачмароска
3
6