Submission #326

Деца, млади и студенти
Mладинска организација-Здружение за општествена акција,едукација и преветива (ЕАСП) Скопје и Прилеп
http://www.easpmkd.ml
EASP.PP@mail.com
070/ 356-996 076/435-535
ул.11 Октомври бр.42 a Скопје-ЦЕНТАР ул.Кире Ристески-Србинот бр 28 Прилеп
Младинска организација – Здружение за општествена акција, едукација и превентива (ЕАСП) е самостојна, невладина, хуманитарна, непартиска организација, кое се формира на слободна и доброволна основа и функционира како непрофитна организација, во која членуваат граѓани на Република Македонија, заради остварување на поединечни и заеднички интереси на членовите на организацијата и трети лица од земјата и странство, со цел: општествено и национално зближување на граѓаните на територијата на Р Северна Македонија.
Организацијата дејствува на територијата на Република Северна Македонија соработува со сите организации и институции, а работата се одвива во согласност со Уставот, постоечките Закони на Република Северна Македонија и Статутот на организацијата.
Основна цел на Организацијата е:
-Развивање и унапредување на цивилното општество преку активно вклучување на младите во општествениот живот, заштита на правата на децата, непосредна акција, едукативни и превентивни активности и форми на делување во разни домени на општествениот живот, разрешување или ублажување на проблемите во општеството по пат на лобирање до институциите на системот.
-развојот на демократијата, граѓанското општество и човековите права...
-КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ:
-помош и заштита на деца и младинци, заштита на маргинализирани лица и нивно социјално вклучување;
-унапредување на положбата и статусот на младите на локално ниво
-развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права;
-заштита од злоупотреба на дрога, сексуално преносливи болести, малолетничка деликвенција, алхохолизам, проституција и трговија со луѓе;
-унапредување на менталното здравјето на децата и младите
-заштита на културното наследство, животната средина и одржлив развој
-едукативни и превентивни активности
-хуманитарна и социјална помош, намалување на сиромаштијата
-развивање на етиката и моралот кај младите
-справување со елементарни непогоди, интервенција во криза, психо-социјална поддршка
-добротворна дејност во смисла на формирање на фондови, концерти, изложби, спортски манифестации и други активности за помош на граѓаните.
-развивање на волонтерската дејност
-Организирање на трибини, научни советувања и форуми, симпозиуми
-Основање на клубови за исполнување на слободното време на младите
-Соработка со организации, институции и здруженија од хуманитарен, научен, културен, спортски и образовен карактер;
-Поврзување и зачленување во сојузи и други асоцијации на невладини организации и здруженија во земјата и во странство;
-Формирање на сектори, комисии и други работни тела на организацијата за остварување на целите на организацијата
-Издавачка дејност
-Вршење и други дејности од јавен интерес во согласност со овој Статут, Законите и Уставот на Република Северна Македонија
•Здружението за развојни иницијативи ГЕОСТРАТЕШКИ ИНСТИТУТ ГЛОБАЛ Скопје
•Станица пет Прилеп
•ЕКЦ Светлина плус Прилеп
•Здружението на социјални работници на град Скопје
•Здружението ,,Урбано општество” Скопје
•Здружение ХЕРА Скопје
•Здружение ДОВЕРБА Скопје
•Црвен крст
•Министерства за образование, економија и култура, Труд и социјална политика
•Локална самоуправа – Прилеп
•Европска Комисија (ИПА фондови)
МППС –Платформа против сиромаштија
М-р Наташа Јованоска
20
/