Submission #329

Развој на граѓанското општество
Здружение-Институт за општествени програми Лануа Скопје
/
lanua_institute@yahoo.com
078 352 221
ул. Борис Трајковски бр. 1/1-64 општина Кисела Вода, Скопје
Шифра на дејност - 10.9 Останати општествени организации, фондации и здружение на граѓани

Лануа ги има следните задачи во рамките на областите во кои дејствува:

1) Следење и давање придонес за унапредување и развој на постојниот политички, општествен, социјален, економски и образовен систем во Република Македонија, во согласност со најновите меѓународни практики и европски директиви и уредби;
2) Работи на стандардизација на праксата во финансиското известување, политичкиот систем, социјалниот живот, социјалната рамноправност, социјалната правичност и еднаквост, образовниот систем, мирот, безбедноста и стабилноста во Република Македонија;
3) Самостојно или во соработка со други организации, организирање обуки, работилници, советувања, конференции, симпозиуми и семинари или други облици на едукација со цел поттикнување и примена на стандардите на ЕУ и НАТО во областите во кои што дејствува;
4) Соработка со други невладини организации во земјата и странство, на локално, национално и меѓународно ниво заради континуиран професионален развој во своите области;
5) Соработка со поединци или организции, образовни институции, државни органи, органи на државната управа, регулаторни органи и тела, и другите стручни и професионални организации во земјата или странство, во областите во кои што дејствува, заради остварување на своите цели;
6) Соработка со стопанствениците во рамките на своите области;
7) Организирање на едукативни кампањи и активности во насока на примена на основните начела на областите во кои што дејствува и реализација на целите на Лануа;
8) Учество во проекти, истражувања, извештаи и нивно објавување, објавување на билтени, брошури, книги, видеа, ЦД, електронски медиуми и други изданија во рамките на своите области;
9) Проучување, иницирање, промовирање и лобирање за подобрување или измени на легислативата во интерес на развој и унапредување на дејностите што Лануа ги промовира и заштитува;
10) Организација на активности за членовите преку структурите на Лануа, и обезбедување на наставни, образовни, консултативни и други услуги за членството на локално, национално и меѓународно ниво заради континуиран професионален развој;
11) Основање и поддршка на добротворни организации и институции, донирање, гарантирање на средства за добротворни цели кои што се поврзани со целите на Лануа;
12) Реализација на своите цели и задачи врз основа на прифаќање, имплементирање и почитување на домашните и меѓународните (универзалните) норми во областите во кои што Лауна дејствува;
13) Други цели од соодветните области.
-Здружение за поттикнување и промоција на информатиката „Асоцијација на студенти и информатичари“ -Скопје (АСИ)
/
Емил Димитриев
25
/