Submission #333

Развој на граѓанското општество
Регионален центар за застапување
www.rcz.delcevo.org.mk
rczdelcevo@gmail.com
077 523 981
Методи Митевски Брицо, 17 , Делчево
Здружението на граѓани Регионален Центар за застапување (РЦЗ) е формирано како резултат на трансформација на Центарот за поддршка на невладини организации-Делчево. Основано во октомври 2006, со седиште во Делчево. РЦЗ-Делчево е непрофитна, невладина и непартиска организација основана со слободно здружување на граѓаните претставници на НВО, претставници нa бизнис секторот и претставници на локалната власт, со цел да се продолжи со основната функција која ја имаше ЦП НВОДелчево, зајакнување на граѓанското општество. Мисијата на РЦЗ произлегува од потребата на организација во регионот која ќе дава поддршка за соработка и вмрежување на трите сектори во регионот за идеи и проекти, ќе ги застапува политиките и интересите на субјектите од регионот пред донатори и институции, ќе координира и информира за меѓугранична соработка, ќе едуцира и информира за Европската унија. Нашите стратешки цели се континуирана поддршка на НВО од регионот, унапредување на меѓугранична соработка руралниот развој, едукација и информирање, овозможување на јавноста од регионот на едно место да најдат добро организирани извори на информации за Европската унија, нејзините институции, активности и политики, законски рамки, документи и публикации, програми и процес на донесување на одлуки. Програмите на делување на РЦЗ опфаќаат делување на полето на граѓанско општество е продолжена мисија на ЦП НВО Делчево за зајакнење на капацитетите на НВО од регионот. Потоа, меѓугранична соработка и рурален развој, како и задоволување на потребата за информирање на популацијата од регионот за ЕУ и процесот на интеграција на Македонија во ЕУ. Клучни активности во нашата работа се пружање на НВО лепеза од услуги како: организирање обуки и тркалезни маси, информирање за конкурси, фотокопирање, скенирање, интернет, библиотека и дневен печат, телефон и факс, сала за состаноци, опрема за презентација, превод, консултации и помош за изработка на проекти, активности за промоции на ЕУ фондови итн. Наши целни групи се НВО од регионот, Единиците на локална самоуправа од регионот, граѓаните од регионот и од Република Македонија, НВО, локални влади и институции од Република Бугарија.
Македонско здружение за заштита при работа, ПредаПлус, Метаморфозис, МИМ,МКМ, Швајцарска агенција за развој и сите здруженија на локално и регионално ниво
Prepare, Avalon, BalkanOSH, ЛАГ Малеш Пијанец, Мрежа за рурален развој на Македонија
Тони Стоименовски
20
3 (со договор на дело)