Submission #340

Лица со посебни потреби
Дневен центар Доза среќа Скопје
/
dozasreka@gmail.com
070884199
Ул. Ботун бр 17а
-Основна цел на Здружението е да создаде услови за реализација на пошироки општествени заеднички интереси при остварување на својата активност.
-Основните цели и задачи кои ќе ги остварува Здружението во своето работење се:
-Подигнување на јавната свест за постоење на луѓе со Даунов синдром и за нивните основни права, потреби и обврски како рамноправни граѓани на РМ;
-Овозможување на соодветни услови за рана интервенција, рехабилитација и инклузија за секое дете со Даунов синдром преку лиферување на информации за мрежата ширум републикава кои ги третираат проблемите на овие деца/возрасни и начинот на пристапување до нив;
-Информирање за новите светски методи во доменот на рана интервенција, рехабилитација и инклузија на овие лица;
-Едукација на родителите, семејството и други за потребите на овие лица со цел да им се овозможи поквалитетен и похуман третман;
-Надминување на предрасудите за потенцијалите на овие лица кај образовните институции, психолозите/психијатрите и пошироката популација. Тие се еднакво вредни и уникатни човечки суштества кои имаат големи потенцијали и кои заслужуваат шанса за подобар живот;
-Воспоставување на законска обврска на градинките и школите да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром, чие воспитување и едукација би се одвивале со дополнителна помош од страна на соодветен стручен кадар ( дефектолог, психолог);
-Градење на одговорност на целата заедница кон овие луѓе и иницирање на свеста дека нивното најсуштинско "оздравување" односно претворање во рамноправен член на заедницата директно зависи од сите нас, преку проекти во заедницата и вклучување на што е можно поголем број луѓе во иницијативите и акциите. Во овие проекти би учествувале луѓе со и без Даунов синдром;
-Водење евиденција и следење на бројот и состојбата на луѓето со Даунов синдром во РСМ во различни етнички, социјални и верски контекси истражување и анализа на состојбите во Р. Северна Македонија и другите земји во светот за начините за унапредување на позицијата на луѓето со Даунов синдром во општеството;
-Поврзување и соработка со други центри, здруженија и организации, како и со поединици кои можат да придонесат за рамноправен третман на лицата со Даунов синдром;
-Остварување соработка со институциите за подобрување на третманот и ефикасноста во спроведувањето на правата на лицата со Даунов синдром;
-Спроведување активности за унапредување на квалитетот на живеење на возрасните и децата со Даунов синдром.
-Социјално-воспитно-образовна работа со деца и младинци во соработка со надлежните институции;
-Организирање на здраствено-едукативни активности;
-Организирање на културно-просветни и рекреативни активности;
-Да ја поттикнува доброволната работа во областа на социјалната помош, помошта на младите лица и семејствата;
-Домашна и меѓународна соработка со сродни организации, институции и здруженија од ист или сличен вид кои работат на изнаоѓање партнери и донатори за спроведување проекти од областа на правата на луѓето со Даунов синдром кои заеднички би работеле на подготвување, изработка и реализација на меѓународни проекти и заедничка финансиска соработка со странски партнер или организации на планот на изведување на меѓународни проекти.
-Советодавна работа во соработка со надлежните институции;
-Работа со лица со проблеми во однесувањето, во соработка со надлежните институции;
-Подобрување на животната состојба преку задоволување на примарните животни потреби, особено во поглед на едукација
ЕМСА Македонија, Пркос,Мојот пат,АИЕСЕК
/
Сузана Стојановска
13
/