Submission #175

Здравје и здравство
Здружение ДОВЕРБА Скопје
www.doverba.org.mk
doverba@yahoo.com
02/30 67 713
Ул. Емил Зола 6-2/4 1000 Скопје
Здружението ДОВЕРБА е CBO (community based organization), која започна како иницијатива на лица кои живеат со проблемите од користење на дрога (корисници и членови на нивните семејства) поддржана од стручни лица кои работат на медицинскиот третман на зависности. Првична цел на оваа иницијатива беше унапредување на третманот и човековите права на лицата зависни од дроги. Со намера да ја промовира важноста на своето делување во општественото живеење на 17ти Ноември 1995 година се воспоставува структурата на организацијата, а регистрирана е на 5 Април 1996 година.

ВИЗИЈА: Здружението ДОВЕРБА се залага за демократско и толерантно општество во кое, без исклучок, се почитуваат човековите права и слобиди, а граѓаните уживаат здравствена, социјална и економска благосостојба.
МИСИЈА: Почитување и заштита на човековите права на лицата кои живеат со проблемите од употреба на дроги (лица кои користат дроги, лица на третман од болести на зависност, нивни партнери и членови на семејства). Создавање на услови за нивен достоинствен третман, подобрување на квалитетот на нивното живеење, телесното и психичко здравје, како и социјалното функционирање.

Денес ДОВЕРБА е организација која во делот на своето стручно делување покрај залагањата за унапредување на програмите за намалување на штети од употреба на дрога и унапредување на медицинскиот третман, ја разви психосоцијалната поддршка на лицата кои живеат со проблемот на дрога и членовите на нивните семејства, ресоцијализација и социјална инклузија на маргинализирани заедници, превенција на ХЦВ, ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи болести, превенција на туберкулоза од што произлегоа низа услуги кои се на располагање на граѓаните.
 Психолошко советувалиште
 Информативна линија за превенција од употреба на дрога, ХЦВ, ХИВ/СИДА и други крвно преносливи инфекции
 Теренска работа во собиралишта (детекција на скриена популација, корисници на дрога, нивно советување и мотивирање за лекување и намалување на ризично однесување)
 Теренска работа во дом (психосоцијална поддршка во домовите на клиентите, советување, мотивирање за лекување, одржување на апстиненција итн.)
 Услуги од социјален работник
 Групи за самопомош – психосоцијална поддршка на клиентите, групна работа
 Психосоцијален клуб
 Шприц патрола – собирање на инфективен отпад (игли и шприцови расфрлани во нашата околина, односно на места каде се вршело инјектирање на дрога)
Во рамките на превентивните програми ДОВЕРБА воспоставува блиска соработка со локалните власти (Град Скопје, Општина Гази Баба и Општина Аеродром) во делот на образованието. Од 2014 година започна со реализација на информативно едукативни работилници во основните и средните училишта за превенција од дрога, ХИВ/СИДА и туберкулоза.
Воочувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат граѓаните во последно време, нé поттикна покрај постоечките да работиме на развивање програми насочени кон превeнција од употреба на алкохол, тутун, клубските дроги, енергетски пијалоци, интернет и видео игри. Наскоро треба и целосно да се официјализираат овие намери во една заедничка рамка на здрави животни стилови.
Денес ДОВЕРБА е организација која активно учествува во граѓанското општество и има развиено соработка со низа организации од граѓанскиот сектор:
• Здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје;
• Здружение ХОПС - Опции за здрав живот Скопје;
• Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје;
• СТАР – СТАР Скопје;
• ПУЛС – Куманово;
• ХЕЛП – Гостивар;
• ОПЦИЈА – Охрид;
• ЗОНА – Кавадарци;
• Младински клуб – Штип;
• Здружение на социјални работници на Град Скопје;
• ЕГАЛ и др.
- Основач на Македонската мрежа за намалување на штети;
- Членка на Националниот координативен механизам (НКМ) уште од неговото основање во 2003;
- Членка на Платформата за застапување за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ;
- Членка на Македонската платформа против сиромаштија;
- Членка на Координативното тело за дроги на Град Скопје.
Атанас Божиновски
17
/