Submission #356

Здравје и здравство
Национално здружение за МС Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза
https://msmakedonija.eu.org/
msmakedonija@gmail.com
071 218 870
Ул. Франколин Рузвелт бр. 8/37, Скопје
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза (МС). Oсновано е на 20. март 2019 година.

Причина за нашето постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, заложби во насока на обезбедување на сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

МИСИЈА - Мисија на здружението е да го поддржи здравството, надлежните институции, граѓаните, невладиниот сектор, останатите чинители и меѓународните организации и институции во напорите за спроведување на реформи во оваа област во нашата држава.
Нашата цел е активно ангажирање околу потребите на лицата со мултипла склероза, справување нивните проблеми на секое поле, создавање на држава со значително подобар здравствен, социјален, пензиски и инвалидски систем.

ВИЗИЈА - Населението во нашата држава ќе биде информирано за мултипла склерозата, потебата од справување со болеста и навремен третман по дијагностицирањето.
Веруваме дека ќе биде воспоставен силен и функционален здравствен систем, кој ќе биде целосно посветен и фокусиран на пациентите, како и граѓани кои ќе бидат свесни за сопственото здравје.
- Društvo Multiple Skleroze Srbije (Сојуз за мултипла склероза од Србија);
- MS Platforma Srbije (МС Платформа Србија);
- Savez Društava Multiple Skleroze Hrvatska (Сојуз на Здруженија за мултипла склероза во Хрватска)и
- Голем број пациентски организации во нашата држава: Здружение „Живот со предизвици“, БОРКА – за секој нов ден, Хепар центар, Здружение НЕФРОН, Стоп СМА и други
- Полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platfrom)
- Членка на Алијансата на пациентски организации (АПО)
- Полноправна членка на Светската алијанса на пациенти (анг. World Patient Alliance)
Ана Карајанова Димитрушева
5-10
/