Submission #381

Животна средина и природа
Здружение за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија
www.milieukontakt.mk
info@mkm.mk
076 319 501; 070 666 230
Ул. Кукушка, бр. 4 А
Нашата визија е да помогнеме при креирањето на силно, видливо, професионално и самоодржливо движење на ГО кои работат на полето на животната средина, врз основа на принципите на демократија и отвореност. Значи движење кое е видливо во општеството, со капацитет на подигнување на свесноста и способно да игра важна улога во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки на локално, национално и меѓународно ниво.
Наши области на експертиза се: Јакнење на капацитетите на ГО, Вмрежување и поврзување на луѓето и здруженијата, Учество на јавноста при креирање на мислења и донесување на одлуки, Спојување на различните сектори, Решавање на прашања поврзани со животната средина, Правење на јавни кампањи за прашањата поврзани со животната средина и Демократизација и пристап во ЕУ.
Во 2019 год. во рамки на ЗОР Милиеконтакт Македонија е формиран и регистриран првиот Архус Центар во Република Северна Македонија, чија работа е заснована врз Конвенцијата на Економската Комисија на ОН за Европа (UNECE) за пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правда за прашања поврзани со животната средина (Архуска Конвенција) од 1998 година. Целта е да ја подигне свеста преку ширење информации за животна средина помеѓу општата јавност, како и да го следи спроведувањето на Конвенцијата од страна на државните органи.
Центар за климатски промени Гевгелија
Македонско Еколошко Друштво Скопје
Еко-свест Скопје
Гоу-Грин Скопје
Сојуз на извидници на Македонија Скопје
Македонско здружение на млади правници Скопје
Полимат 13 Богданци
Македонски зелен центар Скопје
Треннг Центар Коцка Скопје
ЦЕЛОР Радовиш
Зелен Центар Струга
ГО во Поглавје 27
ГО во Архус Мрежа
Граѓанска платформа за следење на преговорите за Поглавје 27
Архус Мрежа
Мрежа за климатска акција
Маја Марковска
10
6