Submission #412

Животна средина и природа
Здружение за заштитата и унапредувањето на животната средина ГРИНТИМ Кавадарци
grintim@yahoo.com
078416150, 071574286, 070693278
Ул.„Солунска глава “ бр.12
Долгорочни цели на Здружение за заштитата и унапредувањето на животната средина ГРИНТИМ Кавадарци се:
 Промоција на заштитата и унапредувањето на животната средина,
 Превентивио дејствување со цел на зачувување, заштита, обновување и унапредување на квалитетот на животната средина,
 Зачувување и унапредување на природните ресурси во РСМ,
 Промоција на одржливиот развој и реализација на одржливо управување со отпадот,
 Унапредување на управувањето со отпадот преку едукации, обуки и презентации се со цел на избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создадениот отпад, искористување на употребливите состојки на отпадот, одржлив развој, преку зачувување и заштеда на природните ресурси, спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето во согласност со принципите на циркуларната економија,
 Работа проекти и програми за зачувување на животната средина од сите текови на отпад,
 Едукации за подигање на јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина во целост,
 Изработка на планови, програми и проекти од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина,
 Научни истражувања,
 Известување на јавноста и на релевантните институции за состојбата на животната средина и нивно вклучување во заштитата на истата;
 Работа на планови, програми и проекти за справување со опустинувањето и ублажување на ефектите од суши,
 Работа на разни планови, програми и проекти за стабилизирање на концентрациите на гасовите коишто го предизвикуваат ефектот на стаклена градина во атмосферата,
 Едукација, планови и програми за спречување на штетните активности на физички и правни лица и нарушувања во природата како последица на технолошкиот развој и извршување на дејности, односно обезбедување на што поповолни услови за заштита и развој на природата и
 Обезбедување на одржливо користење на природно богатство преку програми, проекти и едукативни настани, во интерес на сегашниот и идниот развој, без значително оштетување на деловите на природата и со што помали нарушувања на природната рамнотежа;
 Издавање на материјали и списанија од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина
 Поддршка и соработка со државните и локалните органи на сите нивоа во борбата против загадувачите и загадувањето на животната средина,
 Учество во сите аспекти на општествениот живот за заштита и унапредување на животната средина - почва, воздух и вода,
 Следење и воведување на светски и европски стандарди во областа на зачувување на животната средина, како и активности околу нивната имплементација во општеството
 Членување и соработка со меѓународни организации од ист или сличен карактер од земјава и странство,
 Соработка и имплементација на заеднички проекти со домашни и странски институции и организации кои имаат исти или слични цели и задачи
 Соработка и вмрежување со научни, образовни, економски и други здруженија во земјата и во странство кои се занимаваат со заштита на животната средина,
 Идентификација на загадувачите на животната средина,
 Други слични форми и начини на дејствување.
 Барање на донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа;

Други цели на Здружение за заштитата и унапредувањето на животната средина ГРИНТИМ Кавадарци се:
 Да организира и учествува на семинари и советувања, манифестации и јавни дебати за промоција и зголемување на јавната свест за со сите текови на отпад
- Изготвување на планови и програми за спроведување на законските
регулативи за управување со сите текови на отпад и стручна помош при
нивна имплементација
- Предлози за активирање на еколошки проекти за унапредување на
животната средина, како и преку поттикнување на користење на обновливи
природни извори на енергија;
- Мониторинг на степенот на загадување на животната средина (вклучително
за сите медиуми) и контрола на активностите кои ја загрозуваат животната средина,
- Организирање на предавања, конференции, форуми, работилници, излети,
уметнички колонии и концерти, поврзани со темата,
 Да предлага мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби, со цел унапредување на регулативата во областа за унапредување на животната средина, како и да учествува во следење на нејзината имплементација;
 Да соработува, да се поврзува и да се зачленува во други домашни и меѓународни организации кои работат на иста или слична проблематика;
 Да обезбедува материјални, финансиски и правни услови за работа на здружението и неговите членови.
Граѓански организации со кои соработува здружението / фондацијата
Мрежи и платформи во кои членува здружението / фондацијата
Радица Докузовска
6