Submission #53

Економски развој
Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус
www.predaplus.eu
info@predaplus.eu
02/4401-581
ул. „Сотка Џигиџик“ бр.34 - Прилеп
Визија на фондацијата е:
ПРЕДА ПЛУС е промотор на одржлив економски развој и социјален просперитет преку фасилитирање на иницијативи кои доаѓаат од јавен, приватен и граѓански сектор на локално/ регионално ниво во Македонија и на Балканот.
Мисија на фондацијата е:
Постојано унапредување на развојните процеси и промоција на единствени модели за одржлив развој.
Вредности:
Вредностите на кои се заснова работата на Фондација ПРЕДА Плус се претприемништво, одржливост, транспарентност, партиципативност, еднакви можности, родова и полова рамноправност, добро владеење, солидарност, недискриминација, подобрени животни стандарди и квалитет на живот.
Стратегиски цели и области на делување на фондацијата:
- развој на приватен сектор преку промоција на посебни модели за одржлив и инклузивен економски развој;
- локален и регионален развој;
- социјален и економски развој;
- социјална инклузија и социјална кохезија;
- територијална кохезија;
- стратешко планирање;
- организациски и институционален развој;
- консултации и обуки;
- развој на вештини за вработување;
- истражување на политики и публикации;
- управување со проекти и грантови во областите: одржлив развој, развој на мали и средни претпријатија, претприемништво, иновации, креативни индустрии, информациска и комуникациска технологија, туризам, земјоделие, вработување на млади и младинско учество, образование и образовни политики, социјално претприемништво, зајакнување и поддршка на граѓанското општество, енергетска ефикасност, заштита и поддршка на лица во ризик.
Целни групи на Фондацијата се: мали и средни претпријатија, граѓански организации, државни и локални институции, образовни институции, млади, жени и социјално ранливи категории и граѓаните во целина.
Територијата на делување на Фондацијата е на национално и меѓународно ниво.
- Здружение на студенти и младинци со хендикеп на Република Македонија – Скопје;
- Центар за образование и напредна едукација – Битола;
- Здружение на професионалци консултанти Подготвеност за Европа 2020.
1. SEENORDA – Регионална мрежа за регионален развој
2. ИРИС-МК национална неформална мрежа за социјални услуги
Борче Јанкулоски
1
9