Submission #197

Здравје и здравство
Здружение за развој и унапредување на ромската заедница РОМАНО ЧАЧИПЕ
Fb-live Romano Chachipe
romanocacipe@yahoo.com
022/655-035
Ул:Виничка број: 28
Здружението за развој и унапредување на ромската заедница РОМАНО ЧАЧИПЕ од Скопје дејствува на територија на Р.С.Македонија. Здружението е формирано на 13.06.2018 година. Се организира за подрачјето на општина Шуто Оризари, здружението со своето дејствување може да се проширува на локално и национално ниво и може да соработува со организации, здруженија фондации и институции и да членува во асоцијации во земјата и странство согласно со уставот и законот на Р.С.Македонија.
Здружението работи во делот на социјална отчетност, параправно зајакнување за роми кои спаѓаат во ранлива група, пристап до правда, здравствена заштита, женско репрудуктивно здравје. Мисијата на здружението се формулира на следниот начин: Здружение за развој и унапредување на ромската заедница РОМАНО ЧАЧИПЕ од Скопје е доброволно,непрофитно,невладино,непартиско здружение на граѓани основано од слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на нивните интереси за промоција на граѓанското општество и локалните заедници, како и за спроведување на активности за унапредување на човечките морални вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој во Македонија и пошироко во согласнот со Уставот и законите.
Фондација отворено општество Македонија
Здружение за еманципација и солидарност ЕСЕ
ИРИЗ ,КХАМ Делчево,ХОПС,ХЕРА.
Kемаил Исмаил
5
14