Submission #205

Економски развој
Здружението на граѓани Центар за одржлив развој ЕЛИПСА Куманово
www.elipsa.org.mk
elipsacod@gmail.com
075/651-790
Ул. Илинденска 69а, 1300 Куманово
Здружението за одржлив развој „Елипса’’ е основана на 14 Декември 2012. Според статутот, општата цел на ова здружение е да се промовира одржливиот развој,
зајакнување на демократските процеси и развој на човечки и материјални ресурси во Република Македонија, со следниве специфични цели:
– Поддршка на развојот на институционалните капацитети на централно и локално ниво;
– Подигнување на свеста кај граѓаните за употребата на одржливите практики во економскиот развој;
– Одржливо користење на човечките и природните ресурси;
– Поддршка за одржлив развој на туризмот;
– Обезбедување на интегриран регионален развој во согласност со принципите на одржлив развој

Здружението на граѓани Центар-Елипса за одржлив развој има учествувано во неколку проекти финансирани од различни донатори, има подготвено многу студии, стратешки документи и одржано и неколку обуки од областа на туризмот и животната средина. Со своите експерти ЦОР Елипса учествуваше во подготовка на програмите за развој на планските региони во Република Македонија во области на економскиот развој, дигиталната трансформација, животна средина, родова еднаковост, туризмот, инфраструктурата и транспортот.
- Центар за плански развој на Североисточниот регион
- Фондација за мали и средни претпријатија-Куманово
- Флоренс Најтангел – Куманово
- МЕД-Куманово
- Живот – Куманово
- АРА-Скопје
- СОЖМ-Скопје
- НВО ЕРГОС - Скопје
- Заедница на бизнис жени-Скопје
- Конект - Скопје
- Конект – мрежа за финансиска оддржливост на граѓански организација
- Флорозон – мрежа за животна средина
Игор Георгиев
50
1