Submission #79

Образование и наука
Здружение за развој на ромската заедница СУМНАЛ
www.sumnal.mk
sumnalb@yahoo.com
02/2611-219
ул. Максут Садик бб Скопје
– Придонес за развој на образованието на Ромите со акцент на децата и младите;
– Подобрување на социјалниот статус на Ромите во општеството;
– Креирање подобра економска средина за вработување на младите Роми;
– Активно учество на Ромите во општествените процеси;
– Придонес во градење, развој и зајакнување на мултиетничката средина во Македонија и дијалог преку промоција на материјалната и духовната култура на Ромите кои живеат во Македонија.
РРЦ - Ромски ресурсен центар - Скопје, Биосфера - Битола, ХЕРА - Скопје, ИНСОК - Скопје, ИРЗ - Тетово, Сонце - Тетово, Отворена порта - Скопје, СОС Детско село - Скопје
Во однос на областите во кои делува, Сумнал е членка на национални и интернационални мрежи на невладини организации.
МППС – МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА, која е дел од Европската платформа против сиромаштија. Во Платформата членуваат повеќе од 40 организации од цела Македонија. Сумнал работи со ромско население, па затоа членувањето во оваа мрежа овозможува Сумнал да биде дел од маршови и Кампањи за борбата за намалување на сиромаштијата во нашата земја. Исто така, членките на Платформата изработија Декларација со приоритети околу покачување на минималната плата во Македонија, да се намали невработеноста, итн, која беше доставена до Министерството за труд и социјална политика. Платформата врши истражувања и мапирање на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија.
www.mpps.org

НАЦИОНАЛНА МРЕЖА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНАТА И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО – Преку членување во оваа мрежа, Сумнал организира превентивно едукативни работилници кои ги држи социјален работник и психолог, сѐ со цел заштита и превенција од семејно насилство врз жената Ромка или насилство во ромското семејство. Сумнал поддржува и учествува на кампањи и настани кои се организираат за борба против сите облици на семејно насилство и членови на Сумнал директно учествуваат во активностите. Во мрежата членуваат повеќе од 20 организации од цела Македонија.
www.glasprotivnasilstvo.org
СРОВ – СОЈУЗ ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ – Сумнал поддржува и учествува во активности кои се однесуваат на население кое нема довршено и дооформено редовно формално образование.
http://srov.irz.org.mk/
YEN – YOUTH OF EUROPEAN NACIONALITIES – ЕВРОПСКА МРЕЖА НА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ПРЕТСТАВУВААТ МАЛЦИНСТВА ВО НИВНИТЕ ЗЕМЈИ. Мрежата овозможува состаноци и семинари во различни земји од Европа и членувањето овозможува разменување на искуства и практики од разни земји и начин да се дознае како едно малцинство живее во одредена земја.
www.yeni.org
FERYP – FORUM OF EUROPEAN YOUNG PEOPLE – ФОРУМ НА МЛАДИ РОМИ ОД ЕВРОПА, Мрежата е поддржана од Советот на Европа и организира тренинзи и состаноци за членките на мрежата во разни земји од Европа. Членките подготвуваат и заеднички проекти и активности кои се однесуваат на Ромите и нивните права воопшто, во кои учествуваат членките од сите земји учеснички.
www.feryp.org
RVN – ROMA VIRTUAL NETWORK – РОМСКА ВИРТУЕЛНА МРЕЖА – Сумнал е членка и на Ромската Виртуелна мрежа (RVN) е иницијатива и има за цел да обезбеди меѓународни искуства за ромската заедница и пријателски не - ромски организации и поединци со корисни информации за ромски прашања во различни јазици преку интернет.
www.romavirtualnetwork.org
EAEA-EUROPEAN ASSOCIATION FOR THE EDUCATION OF ADULTS – ЕВРОПСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ
Европската асоцијација за образование на возрасни (EAEA) е гласот на неформалното образование на возрасни во Европа.
EAEA е транснационална, непрофитна асоцијација, чија цел е да ги поврзе европските организации кои се директно вклучени во образованието за возрасни. Нејзината примарна цел е поврзување на невладините организации чија основна цел е едукација на возрасните. EAEA исто така, работи на координирање тела за учење на возрасни. Првично е позната како Европско биро за образование на возрасни. http://www.eaea.org
Фатма Бајрам Аземовска
25
6