Submission #223

Социјална грижа (хуманитарни)
Хуманитарна Организација Ел Хилал
www.elhilal.org
info@elhilal.org
070/386-919
Ул. Макарија Фрчковски бр.7/2
Организацијата ХО ЕЛ ХИЛАЛ има 30 годишна традиција на хуманитарен карактер, богато портфолио на спроведени кампањи и акции и активности. Препознатлива е како организација со интегритет, отчетност и доверба кај граѓаните, посебно во делувањата при елементарни непогоди, воено-политички миграциони стихии, хуманитарно стипендирање на социјално загрозени категории, разни настани од мулти-културен карактер, големи настани од традиционален и верски карактер, и др. Интегрирана е во политичкте, социјалните, религиските, културолошките фактори во општественото опкружување. Нејзиното делување е валоризирано со успешни мисии на национално и меѓународно ниво. Организацијата има широка мрежа на конституенти, соработници и сојузи со организации, асоцијаци и здруженија на меѓународно и национално ниво.
Нејзини конституенти се : населението, членовите, персоналот, волонтерите, поддржувачите на активностите на организацијата, индивидуалните донатори, образовните институции, организациите, институциите на системот итн.
Внатрешни фактори кои ја унапредуваат ефикасноста и ефективноста на организацијата се отвореноста за вмрежување, проверените кадровите ресурси, мониторингот на актуелните состојби и политики, повеќекратниот оправдан мандат на лидерскиот менаџмент и добрата организациска структура. Нејзината системската методологија вклучува: раководните органи на организацијата до оперативните кадри кои работат врз основа на претходно подготвена програма на делување за секоја тековна година која се усвојува во редовното Собрание како најважен орган на ХО ЕЛ Хилал секоја година.
Дејноста на ХО Ел Хилал е јасно дефинирана со статут на организацијата во кој се вклучени сите неопходни елементи односно: социјална заштита, култура, едукација, млади, деца и студенти, лица со посебни потреби, миграција, човекови права итн.Таа е континуирано активна и се залага за големено вклучување на конституентите преку проширување, продлабочување и промовирање на поразновидно членство во граѓанските организации; вклученост и учество на конституентите во стратешко планирање, внатрешни организациски реформи и креирање и донесување одлуки во организациите.
- MCMS – Македоснки центар за меѓународна соработка и други локлани организации кои ја имаат истата дејност.
- Граѓански ресурсен Центар
- Граѓанска Платформа на РСМ
- Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
- ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Бехиџудин Шехапи
50 активни до 300 пасивни
3