Jавен повик за избор на 13 членови на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите
Primary tabs
Врз основа на член 6 став (1) од Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата објавува Jавен повик за избор на 13 членови на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите.
Oрганизациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, можат да предложат кандидат за член на Советот во една од следните области:
- развој на граѓанскиот сектор;
- демократија и владеење на правото;
- промоција и заштита на човековите права и антидискриминација;
- економски и одржлив развој;
- наука, образование и доживотно учење;
- активизам на младите;
- социјална заштита и заштита на деца;
- заштита на маргинализираните лица и родова еднаквост;
- заштита на здравјето и унапредување на квалитетот на живеењето;
- земјоделство и рурален развој;
- култура;
- медиуми и информатичко општество и
- заштита на животната средина.
Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 7.06.2016 година.