Одржана 4. седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
Primary tabs
На 10.02.2022 година се одржа Четвртата седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. На оваа седница, Советот го разгледа и усвои Извештајот за работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за 2021 година. Советот дискутираше по негативното мислење на Министерството за финансии по Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година, што доведе до запирање на владината постапка за донесување на Програмата и одлучи да се обрати писмено со Владата на Република Северна Македонија, Канцеларијата на претседателот на Владата, генералниот секретар на Владата и Министерството за финансии со цел преиспитување на ваквата одлука и повторно разгледување и донесување на Програмата. На предлог на Мрежата на граѓански организации за заштита од дискриминација, Советот расправаше за обидите за делегитимирање на граѓанскиот сектор и штетноста на говорот на омраза и насилството врз граѓанското општество и активистите за човекови права, и одлучи за ова прашање да ја информира Владата на Република Северна Македонија, со барање Владата јавно да ги осуди ваквите иницијативи и инциденти и да застане во одбрана на граѓанските организации, сè со цел да се запре нивното понатамошно ширење, но и да се преземат превентивни и системски мерки за намалување на насилството и говорот на омраза кон активисти и организации кои се залагаат за унапредување на човековите права и слободи во државата.