Продолжен рокот за пријавување на оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес
Primary tabs
Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија го продолжува рокот за пријавување на Огласот за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес, од организации регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации. Кандидатите предложени од организациите треба да имаат експертиза од областа на граѓанскиот сектор и познавање на националното законодавство поврзано со некоја од областите определени како дејности од јавен интерес во член 74 од Законот за здруженија и фондации. Рокот за пријавување на кандидатите е 20 јули 2022 година.