Vendim për themelimin e Këshillit për Bashkëpunim ndërmjet Qeverisë dhe sektorit civil
Primary tabs
Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 17 мај 2016 година, донесе Одлука за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, како една од најзначајните мерки за зајакнување на институционалната рамка и практики на соработка содржани во Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012-2017). Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор во Република Македонија, ќе учествува во процесот на креирање на политиките од значење за развојот и делувањето на граѓанскиот сектор преку следење на спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, давање мислења по предлози на закони, стратегии, програми и други прописи релевантни за граѓанскиот сектор, следење и анализа на вклученоста на организациите во процесот на креирање на политиките и давање препораки за нејзино унапредување и сл. Советот ќе биде составен од 27 членови, од кои 14 претставници на органите на државната управа и 13 претставници на граѓанските организации избрани по пат на јавен оглас.