Është mbajtur eventi final për projektin “Institucionalizimi i mëtejshëm i mekanizmave të strukturuar për bashkëpunim ndërmjet Qeverisë dhe Sektorit Civil”
Primary tabs
На 6.9.2018 година, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, беше одржан завршен настан на брзиот твининг проект „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор”, финансиран од Европската Унија. Присутните на настанот беа поздравени од страна на г-ѓа Весна Лендич Касало, заменик-директор на Канцеларијата за соработка со НВОи и г-ѓа Нирвана Соколовски, раководител на сектор во Агенцијата за централно финансирање и склучување на договори во Владата на Република Хрватска, амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, г-ѓа Данијела Баришиќ, г-ѓа Сузана Никодијевиќ Филиповска, раководител на Сектор за анализа на политики и координација од Генералниот секретаријат и г-ѓа Ирена Иванова, програмски менаџер во Делегацијата на ЕУ.
По воведните обраќања, беа презентирани резултатите на проектот, меѓу кои: воспоставувањето на функционален Совет за соработка со и развој на граѓанскиот, подготовката на Предлог-Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор преку инклузивен процес на јавни консултации и одржувањето на повеќе работилници, јавни расправи и други настани за претставниците на органите на државната управа, граѓанските организации и локалната самоуправа.