Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржана 11-та седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Одржана 11-та седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 29.4.2026 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Единаесеттата седница, со која претседаваше претседателката на Советот, Никица Кусиникова. На седницата Советот номинираше претставници на граѓански организации во заедничкиот комитетот за програмирање на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2028 – 2034, согласно Јавниот повик бр.34-11/1 објавен на 15.04.2026 година, како и член од граѓанскиот сектор од областа на владеење на правото и правосудството во Работната група за прелеминарна селекција на кандидати за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Воедно, членовите на Советот дискутираа за Табеларниот приказ на Плановите и Програмите на министерствата за финансиска поддршка на граѓански организации во 2026 година и им препорачаа на ресорните министерства кога објавуваат јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации да го информираат Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на nvosorabotka@gs.gov.mk, со цел информацијата да биде споделена до поголем број на граѓански организации.

Мени за пристапност