Jавен повик за избор на 16 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор е советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор. Во текот на тригодишниот мандат, Советот одржа 30 седници, иницираше процеси и влијаеше во креирањето политики на Владата за создавање овозможувачка средина и развој на граѓанското општество. Со цел и во наредниот тригодишен период да се одржи независен, репрезентативен и ефективен Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата објавува Jавен повик за избор на 16 членови на Советот од редот на здруженијата и фондациите.

Oрганизациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации можат да предложат кандидат за член на Советот во една од следните области: развој на граѓанскиот сектор, демократија и владеење на правото, промоција и заштита на човековите права и антидискриминација, економски и одржлив развој, наука, образование и доживотно учење, млади, социјална заштита и заштита на деца, заштита на маргинализираните лица, родова еднаквост, заштита на здравјето, земјоделство и рурален развој, култура, медиуми и информатичко општество, заштита на животната средина, спорт, ЕУ интеграции и политики. Рокот за поднесување на пријавите е до 5 април 2021 година.

 

Јавен повик

Пријава

Macedonian